Достапни линкови

logo-print

Светска банка ќе и даде 155 милиони долари на Македонија


Македонија ќе добие финансиска помош од Светска Банка во вредност од 155 милиони долари во наредниве 3 години. Ова денеска го соопшти министерот за финасии Зоран Ставревски кој е на годишното сообрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската Банка.
Ставревски во изјава за државната новинска агенција МИА истакна дека ММФ и Светска банка ја оцениле Македонија како земја со здрави економски политики по како што вели остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции.
Тој додаде дека поддршката од Светска банка ќе биде во делот на енергетиката.
XS
SM
MD
LG