Достапни линкови

Ламбринидис: Не се работи само за името


Грчкиот и македонскиот министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис и Никола Попоски на средба во ОН во Њујорк.

Грчкиот и македонскиот министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис и Никола Попоски на средба во ОН во Њујорк.

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис денеска пред Генералното собрание на ОН за прашањето за спорот со името на Македонија, изјави дека не се работело само за името на земјата, туку и за, како што вели „искрениот напор на Грција во еден кревок регион, обидите за повторно пишување на историјата и промената на границите, да ги остави зад нас“.
Тој во својот говор на тема Балкан изјави дека косовското прашање е сериозна препрека за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот и дека неодамнешниот напредок во разговорите меѓу Белград и Приштина дава причини за оптимизам по напнатоста во регионот летово.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во своето обарќање истакна дека за да биде невозможна војната на Балканот, сите држави од просторот на поранешна Југославија мора да влезат во ЕУ.
XS
SM
MD
LG