Достапни линкови

logo-print

Арифи очекува позитивен извештај од ЕК


Вицепремирката за евроинтеграции Теута Арифи денеска изјави дека очекува позитивен извештај од Евроспката Комисија за напредокот на Македонија.
Арифи по средбите со високи претставници на Европската Унија во Брисел, изјави дека очекува и годинава земјава да добие препорака за датум за преговори со ЕУ.
Таа додаде дека средбите биле отворени и конструктивни, а позитивно била оценета и работата во однос на реализирање на листата на задачи од Филе и Санино но потребен e дополнителен прогрес, во реформите во јавната администрација и во судството.
Арифи истакна дека институциите во Брисел и меѓународните организации на средбите бараaт да се надмине спорот за името.
XS
SM
MD
LG