Достапни линкови

Груевски ќе говори на Генералното Собрание на ОН


Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати на 66 сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, покрај 15 премиери од држави од целиот свет.
Инаку тој вчера на Бизнис форум за презентација на инвестициските можности на земјата „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“ информирал дека во првиот квартал од 2011 година е забележан раст на БДП од 5,1 проценти.
Груевски изјави и дека последната информација објавена вчера е оти растот на БДП во вториот квартал од 2011 година е 5,3 проценти, со што, според него, може да се каже дека во првата половина од годината е остварен раст од 5,2 отсто.
XS
SM
MD
LG