Достапни линкови

Груевски: Македонската економија расте со над 5 %


Македонската Влада денеска во Харвард клубот во Њујорк организираше Бизнис форум за презентација на инвестициските можности на земјата „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“, на кој учествуваа претставници од околу 100 американски компании, јави МИА.
Премиерот информира дека во првиот квартал од 2011 година е забележан охрабрувачки висок раст на БДП од 5,1 проценти. Тој потсети дека последната информација објавена вчера е оти растот на БДП во вториот квартал од 2011 година е 5,3 проценти, со што, вели, може да се каже дека во првата половина од годината остварен е раст од 5,2 отсто, што е доста позитивен сигнал.
- Нашите моментални проекциите се дека оваа година ќе ја завршиме со раст од 3,5 проценти, но со оглед на последните податоци за растот на БДП, веројатно е дека тука ќе има корекции во нагорна линија.
XS
SM
MD
LG