Достапни линкови

САД: Пакистан да ги прекине врските со талибанците


Соединетите држави денеска го повикаа Пакистан да ги прекине врските со терористичката талибанска мрежа Хакани и да преземе акција за затворање на сите нејзини засолништа на авганистанско пакистанската граница. Се верува дека мрежата Хакани има околу 15 илјади членови и оти можеби е најголема сила меѓу талибанците. Претходно шефот на пакистанската дипломатија Хина Рабани Кар изјави дека Соединетите држави ризикуваат да загубат сојузник доколку продолжат јавно да ги критикуваат постигнувањата на Исламабад во војната против милитантите во таа земја.
XS
SM
MD
LG