Достапни линкови

logo-print

ОН: Абас ја предаде апликацијата за членство на Палестина


Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска на генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун му ја предаде апликацијата за полноправно членство на Палестина во Светската организација. Тој во обраќањето до Генералното собрание изјави дека Израел одбива да преговара според меѓународните закони и продолжува да гради населби на окупираните територи. Израел и Соединетите држави силно се противат на палестинскиот потег, а претседателот Барак Обама најави вето во Советот за безбедност на секој чекор што ќе води кон признавање на палестинската државност.
XS
SM
MD
LG