Достапни линкови

logo-print

Убиен палестинец на Западниот Брег


Еден палестинец бил убиен, а друг ранет во денешниот судир со израелските војници и доселеници на Западниот Брег. До ова дојде додека растат тензиите пред најавеното поднесување на барањето до Обединетите нации Палестина да стане полноправна членка на Светската организација. Палестинскиот претседател Махмуд Абас се очекува тоа да го стори за време на неговиот денешен говор во Генералното собрание на Светската организација. Денеска се очекува да говори и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израел и Соединетите држави се противат на палестинскиот потег, а претседателот Обама најави вето во Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG