Достапни линкови

Санадер обвинет за нов корупциски случај


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска беше обвинет за земање мито од над тринаесет милиони долари од унгарската енергетска група МОЛ за да и обезбеди контрола врз хрватската национална нафтена компанија ИНА. Ова е второ обвинување против Санадер. Тој исто така се соочува и со обвинувања за злоупотреба на функцијата. Санадер во минатиот декември беше уапсен во Австрија, а во јули годинава беше екстрадиран во Хрватска.
XS
SM
MD
LG