Достапни линкови

Симон Трпчевски, национален уметник


Претседателот Ѓорге Иванов денеска на пијанистот Симон Трпчески му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“. Ова признание во за прв пат се доделува во земјата. На денешната свеченост претседателот Иванов изјави дека Трпчески преку клавијатурата ја прославил Македонија во светот и докажал дека е земја на извонредни уметници. ,,Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, толеранцијата и разбирањето. Низ уметноста тие ги надминуваат сите граници и недоразбирања и невозможното го прават возможно,, рече Иванов.
XS
SM
MD
LG