Достапни линкови

Путин: нема трговија со суверенитетот


Од конгресот на Обединета Русија

Од конгресот на Обединета Русија

Рускиот премиер Владимир Путин денеска остро ги критикуваше земјите на Европската Унија, велејќи дека Германија и Франција за економска помош тргуваат со националните суверенитети на помалите членки. Новинската агенција Интерфакс јави дека Путин ова го рекол на Конгресот на најголемата партија во земјата Обединета Русија. Путин додал дека Русија многу го вреднува својот национален суверенитет за да побара економска помош од другите земји. Според него, некои помали европски држави го сториле тоа во надеж дека ќе добијат помош од Франција и Германија.
XS
SM
MD
LG