Достапни линкови

Салех не се повлекува и повикува на мир во Јемен


Јеменскиот претседател Али Абдула Салех, кој ненадејно се врати во земјата од Саудијска Арабија, повикал на примирје. Во соопштението од неговиот кабинет се вели дека Салех верува дека мирот и преговорите се единствен начин за надминување на кризата во Јемен. Од февруари годинава во Јемен се одржуваат протести против претседателот Салех, но тој одбива да се повлече од функцијата. Само во последнава недела во протестите во Јемен загинале околу 100 луѓе.
XS
SM
MD
LG