Достапни линкови

Дополнителни санкции на ЕУ против Сирија


Европската Унија денеска одобри нова рунда санкции против Сирија, како дополнителен притисок врз режимот на претседателот Башар Ал Асад да престане со насилното справување со анти-владините демонстранти. Во новите санкции се вклучени забрана за инвестирање во сиријската нафтна индустрија и забрана за испорачување банкноти за сиријската централна банка. Уште две лица и 6 компании се додадени на листата за забрана за патување и замрзнување на сметките. Според проценките на Обединетите Нации, за време на протестите во Сирија, од март, досега, биле убиени над 2.600 луѓе.
XS
SM
MD
LG