Достапни линкови

Слобода на говор или говор на омраза


Секое чудо за три дена - политиката ја растури еуфоријата и обеднетоста меѓу народот по кошаркарските успеси

Секое чудо за три дена - политиката ја растури еуфоријата и обеднетоста меѓу народот по кошаркарските успеси

Кратко траеше обединувањето меѓу народот што го донесе кошаркарскиот успех. По „новинарскиот“ инцидент во Брисел, повторно поделби на патриоти и предавници.

Секое чудо за три дена, така вели нашиот народ. Додека траеше кошарката, барем привидно народот заборави на поделби, тогаш немаше предавници и патриоти, немаше ваши и наши, сите беа едно. Сега не баш сите, имаше и такви кои „отскокнуваа“, ама не беше битно.
Беше формална и како таква функционираше. Дури ја обедини и опозицијата, што би значело „предавниците“ и „патриотите“ се обединија, но утредента кога сета таа фешта проаѓа се продолжува таму каде што бевме.

Ден по пречекот на кошаркарите, чудото заврши, предавниците и патриотите пак се вратија на сцена. Инцидентот во Брисел, предизвикан од група новинари, повторно ги актуелизираше поделбите во земјата.
Обединетоста за време на кошарката беше привидна, а не реална, вели професор Алајдин Демири.
Инцидентот во Брисел предизвикан од група новинари повторно ги актуелизираше поделбите.

„Беше формална и како таква функционираше. Дури ја обедини и опозицијата, што би значело „предавниците“ и „патриотите“ се обединија, но утредента кога сета таа фешта проаѓа се продолжува таму каде што бевме.“

По случувањата во Брисел, на социјалните мрежи, преку коментарите на медиумите може да се забележи говор на омраза, недолични пишувања, повик за линч, оцрнување... Поради дискусиите на социјалните мрежи, начинот на кој дел од медиумите и новинарите информираат, поттикнувајќи насилство со говор на омраза и дисквалификации од типот предавници, платеници и слично, од ЗНМ испратија писмо до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. ЗНМ бара МВР да делува превентивно и да не го игнорира фактот дека во земјата се создава атмосфера на јавен линч на новинари.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вели:,

„Искрено веруваме и се надеваме дека во Здружението на новинари на Македонија ќе најдеме вистински партнер во промовирањето токму на демократските вредности. Инаку, заштитата на човековите права и слободи, вклучувајќи го и правото на слобода на говор, е еден од главните приоритети на Министерството и цениме дека секој обид за некаква узурпација мора да биде предмет на осуда.“
И мислам дека тоа е прашање на коешто еден ден, една мудра влада ќе треба да седне и да посвети и тоа како сериозно внимание, бидејќи тие поделби јасно покажаа дека се одразуваат на националното ткиво, односно на националната солидарност, нетрпеливост итн.

Прашањето на поделбите во националното ткиво на Македониците и внатре во македонското општество не е ништо ново, тоа нам ни се случува со векови, вели социологот Ѓорѓи Тоновски.

„И мислам дека тоа е прашање на коешто еден ден една мудра влада ќе треба да седне и да посвети и тоа како сериозно внимание, бидејќи тие поделби јасно покажаа дека се одразуваат на националното ткиво, односно на националната солидарност, нетрпеливост итн.“

Поделбите во новинарската фела се некакво продлжение на поделбите кои ни се случуваат во општеството, додава Тоновски.

Поделбите на предавници и патриоти почнаа во 2008 година, по интервјуто на премиерот Никола Груевски за државната новинаска агенција МИА, каде што тој ги обвини „бриселските дописнички“ дека поради лукративни причини пласираат лоши вести за Македонија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG