Достапни линкови

Израел испрати засилување на Западниот Брег


Западен Брег, протест на палестинците

Западен Брег, протест на палестинците

Израел денеска распореди околу 22 илјади полицајци во земјата и испрати воено засилување на Западниот Брег во очекување на протести на палестинците по повод поднесувањето барање за прием на Палестина во Обединетите нации. Палестинскиот претседател Махмуд Абас се очекува тоа да го стори за време на неговиот денешен говор во Генералното собрание на Светската организација. Денеска се очекува да говори и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израел и Соединетите држави силно се противат на палестинскиот потег, а претседателот Барак Обама најави вето во Советот за безбедност на секој чекор ќе води кон признавање на палестинската државност. Вашингтон смета дека тоа може да биде остварено само преку директни преговори меѓу палестинците и израелците.
XS
SM
MD
LG