Достапни линкови

logo-print

Убиен заменик шефот на затворите во Дагестан


Вооружени лица денеска го убиле заменик шефот на затворите во Дагестан Магомед Муртузалиев, како и неговата ќерка, неговата внука и возачот. Агенциите јавуваат дека напаѓачите отвориле оган врз возилото при што тоа се запалило. Во вчерашниот двоен бомбашки напад во оваа руска севернокавказка република беше убиен еден полицаец, а десетина други беа ранети. Властите за нападите ги обвинија исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG