Достапни линкови

logo-print

Мудиз им го намали рејтингот на 8 грчки банки


Агенцијата Мудиз за две нивоа им го намали кредитниот рејтинг на осум грчки банки, бидејќи имаат несигурни грчки државни обврзници. Меѓу другите, намален им е рејтингот на Националната банка на Грција, на Евробанката Ергасиас, Алфа, Земјоделската банка и Емборики. Грчката влада се бори да ги исполни условите за нова транша од пакетот помош што и го одобрија меѓународните кредитори. Без тие средства, во Грција кон средината на октомври не ќе може да се исплаќаат плати и кредити.
XS
SM
MD
LG