Достапни линкови

Уапсен поранешниот либиски премиер во Тунис


Туниските власти соопштија дека го уапсиле поранешниот премиер на Либија Багдади Ал Махмуди е уапсен во Тунис и е осуден на шест месеци затвор поради нелегален влез во земјата.Во соопштението е наведено дека порашениот либиски функционер бил уапсен во средатаво јужниот дел на Тунис во близина на границата со Алжир. Махмуди беше премиер во времето на режимот на Моамер Гадафи. Поддржувачите на Гадафи се уште им пружаат отпор на силите на Националниот преоден совет во нивните последни упоришта Бани Валид и Сирт.
XS
SM
MD
LG