Достапни линкови

Мулен го обвинува Пакистан за соработка со милитанти


Американскиот адмирал Мајк Мулен денеска го обвини Пакистан за „извоз“ на насилство во Авганистан со тоа што им дозволува на милитантите да дејствуваат како „десна рака“ на разузнавачките служби на Исламабад. Мулен кој неодамна ја напушти функцијата, во својот говор пред американскиот Сенат изјави дека со разузнавачка помош оперативците од милитантската група Хагани извеле напад врз американската амбасада во Кабул.
Најмалку 25 луѓе загинаа при минатонеделниот напад врз американската амбасада и седиштето на НАТО во Кабул. За нападот обвинети се милитантите од мрежата Хагани која се поврзува со Талибанците.
Пакистанските власти ги негираат наводите за поврзаност со таа мрежа.
XS
SM
MD
LG