Достапни линкови

Папандреу: Или мерки за штедење или банкрот, нема друг начин


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска изјави дека неговата земја треба да воведе нова серија мерки за штедење или да се соочи со банкрот.
Кабинетот на Папандреу вчера одлучи да ги задлабочи реформите за штедење како дел од договорот за продолжување на финансирањето на Грција од меѓународните кредитори - ЕУ и ММФ.
Новите мерки вклучуваат дополнително намалување на пензиите, продолжување на важноста на новиот данок врз недвижниот имот најмалку до 2014 година и намалување на платите во јавната админстрација.
XS
SM
MD
LG