Достапни линкови

Иванов се сретна со Дуби


Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со Генерал мајорот Мајкл Дуби, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.Во соопштението од кабинетот на претседателот е наведено дека на средбата се разговарало за состојбите и достигнувањата на заедничката мировна мисија во Авганистан.
Македонија и Вермонт координирано настапуваат во мисијата во Авганистан, чија цел е да се обезбеди стабилност во оваа држава и да се промовира градењето на демократско општество.
Генерал Мајор Дуби, како што се наведува во соопштението, изразил задоволство од големиот ангажман на македонската армија во мировните операции, додавајќи дека САД високо го ценат континуираниот македонски придонес, како одраз на вистинско и длабоко пријателство меѓу двете земји.
Во продожение на соопштението е наведено дека соговорниците оцениле дека Македонија заслужува што поскоро и формално да стане член на НАТО, што ќе биде дополнителен придонес кон напредокот и развојот на Балканот.
XS
SM
MD
LG