Достапни линкови

Дневен печат


Радоста од кошаркарскиот успех, скандалот со македонските новинари во Брисел - дел од темите во печатените медиуми.

Убавите мигови во нашите животи, кога заеднички им се радувавме на победите на кошаркарите и кога мислевме дека целиот свет е наш, а ние обединети во радоста - поминаа. Како и секое чудо што кај нас трае само три дена. Нова занимација за „широките народни маси“ и нов отров меѓу овој народ под заеднички наслов: игри - и кошаркарски и новинарски: скандалот со македонските новинари во Брисел, и тоа во седиштето на Европскиот парламент.
Талибанци и ’малака‘ во Брисел.
Утрински весник.

Дневник го објавува соопштението на Здружението на новинарите на Македонија со наслов: „Двете групи новинари во Брисел ја посрамотија професијата“.
Новинарите Миленко Неделковски, Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ на панел дускусијата за состојбата во македонското новинарство во ЕП во Брисел.
x
Новинарите Миленко Неделковски, Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ на панел дускусијата за состојбата во македонското новинарство во ЕП во Брисел.

Утрински, својата изворна верзија на информацијата ја насловува како: „Талибанци и ’малака‘ во Брисел“. Дневник во својата верзија насловува дека „Шацимаркакис ја опцу европската демократија“, а Вечер, како посматрач, бидејќи негов новинар не беше вклучен во скандалот, коментира од страна со напади насочени кон европратеникот Шацимаркакис, па подбивно му ја пее актуелната навивачка песна за терасата и за Гоцевата раса. Насловот е: „Излези Шаци ти на тераса...“.
Шацимаркакис ја опцу европската демократија.
Дневник.

Исто така, Вечер ги преобјавува прилозите од Сител телевизија за, како што вели, „Тажните луѓе кои не знаат да се радуваат“, поточно дека „Соросоидите се против кошаркарите“, насочувајќи ги своите отровни критики против неколкумина новинари и интелектуалци кои имаат различно мислење за навивачките песни, според нив, националистички, и за, пак според нив, прееуфоричното славање на настапите на нашата кошаркарска реперезентација во Литванија.
x


Инаку сите медиуми во земјава го одбележаа величествениот пречек на кошаркарите на плоштадот Македонија во Скопје.

Нова Македонија меко го критикува претседателот на државата и неговиот неодамнешен говор пред студентите-политиколози, при што, како што пишува, како ниеден политичар досега ги нападна слабостите на македонските политичари, но изгледа заборави дека и тој сега е меѓу нив, заклучува Нова Македонија.
Црвенковски кани на нова свадба со стара покана.
Дневник.

Дневник информира дека Уставниот суд пресекол: „Здравствените работници не се јавни службеници“.

Интервјуто на Црвенковски за Радио Слободна Европа го наведува Дневник да забележи дека „Црвенковски кани на нова свадба со стара покана“, во врска со неговото мислење дека се можни нови предвремени избори.

Вечер ги теши пензионерите дека пензиите ќе се исплаќале редовно и дека од 1 октомври лековите ем ќе биле поевтини, ем ќе имало повеќе од нив што ќе се добиваат на рецепт.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG