Достапни линкови

logo-print

Приштина се закани дека ќе ги отстрани барикадите во Северно Косово


Косово ќе ги отстрани барикадите во северниот дел, ако Европската унија не успее да го убеди Белград да ги натера локалните Срби да го прекинат отпорот врз преземањето од Приштина на контрола на границата со Србија. Ова денеска го изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи. Тој додаде дека aко притисокот на Брисел врз Белград, не доведe до резултат, како што вели ќе а се координираaт со силите на КФОР и европската мисија ЕУЛЕКС, со цел да овозможат слободно движење на таа територија без барикадите. Реџепи смета дека барикади се „незаконски, затоа што никој нема право да го блокира движењето на лица и стоки a како што вели жртви се обичните граѓани, кои се принудени да го прават тоа од радикални криминални групи и илегални структури кои ги заплашуваат со отпуштања“.
XS
SM
MD
LG