Достапни линкови

Либиските бунтовници уште еден град ставија под контрола


Либиската привремена влада денеска соопшти дека воспоставила контрола врз делови од пустинскиот град Сабха едно од последните упоришта на поддржувачите на Моамер Гадафи. Воениот потпарол на Националниот преоден совет Ахмед Бани изјави денеска во Триполи дека властите ги истражуваат наводите дека Гадафи побелгнал од Сабха но се уште не може да ги потврди тие информации. Во меѓувреме Командантот на воената операција на НАТО во Либија генерал Чарлс Боухард денеска во Брисел изјави дека е убеден оти мисијата во Либија ќе заврши во наредните три месеци.
XS
SM
MD
LG