Достапни линкови

Франција почна со повлекување на војници од Авганистан


Француски војници во Авганистан

Француски војници во Авганистан

Франција следниот месец ќе повлече 200 војници од Авганистан како дел од планот за повлекување на странските воени трупи во земјата до 2014-та година. Францускиот воен портпарол соопшти дека војниците ќе си заминат од Авганистан до крајот на октомври. Околу 4 илјади франуски војници се дел од ИСАФ мисијата предводена од НАТО.
Само годинава загинале најмалку 23 француски војници во Авганистан а од почетокот на војната во 2001 до сега вкупниот број на загинати француски војници изнесува 75.
XS
SM
MD
LG