Достапни линкови

Филе: Дијалогот меѓу Скопје и Атина го достигна моментот што не треба да се пропушти


Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел. Филе по средбата изјавил дека престојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија ќе биде фер, базиран на факти и ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци. Тој додаде дека во врска со спорот со името, верува оти дијалогот меѓу Скопје и Атина го достигнал моментот што не треба да се пропушти затоа што, како што вели, политичка реалност е дека решавањето на прашањето ќе помогне за почеток на пристапните преговори.
XS
SM
MD
LG