Достапни линкови

Бесими се сретна со Пападополу


Средба на министерот Фатмир Бесими со амбасадорот на Грција во Македонија Александра Папаодопулу

Средба на министерот Фатмир Бесими со амбасадорот на Грција во Македонија Александра Папаодопулу

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска се сретна со грчката амбасадорка во Скопје Александра Пападопулу, која била придружувана од грчкото воено аташе полковник Христос Полианитис. Министерството за одбрана соопшти дека Бесими и Пападопулу изразиле задоволството од досегашната соработка и била нагласена потребата од унапредување на сорабоката. Како што е наведено во соопштението Бесими упатил покана за средба до министерот за одбрана на Грција.
Билатералните консултации помеѓу министерствата за одбрана на Македонија и на Грција, како што е планирано, оваа година треба да се одржат во период од 07-09.12.2011 година во Атина. Се очекува на тие консултации да биде потпишан планот за билатерална соработка за 2012 година.
XS
SM
MD
LG