Достапни линкови

Во Њујорк средба Попоски - Ламбринидис


Грчкиот и македонскиот министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис и Никола Попоски на средба во ОН во Њујорк.

Грчкиот и македонскиот министер за надворешни работи, Ставрос Ламбринидис и Никола Попоски на средба во ОН во Њујорк.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски синоќа во Њујорк, на маргините на 66 Генерално собрание на ОН, се сретнал со неговиот грчки колега Ставрос Ламбринидис, соопшти министерството за надворешни работи, но притоа не се изнесени детали од средбата. Попоски, претходно имаше средба и со посредникот за името Метју Нимиц, на која уште еднаш ја истакнал подготвеноста на Македонија за активно и конструктивно учество во процесот за решавање на прашањето. Министерот Попоски во Њујорк оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со шефот на дипломатијата на Унгарија Јанош Мартоњи, со министерот за правда на Нов Зеланд Ендрју Бриџман, како и со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.
XS
SM
MD
LG