Достапни линкови

Во Турција престрелки со курдски бунтовници


Еден турски војник и двајца цивили загинале во престрелка со курдски бунтовници во округот Ван во источна Турција. Во судирите биле ранети уште две лица, јави Турската радиотелевизија. Судирот се случил вчера за време на обиколка на турски војници во реонот на Чатак. Според турските медиуми, во источните делови од државата бил распореден дополнителен контигент од 2.000 војници. Сегашната операција е преземена по експлозија на бомба во вторникот во центарот на Анкара во која загинаа три лица, а 34 беа ранети.
XS
SM
MD
LG