Достапни линкови

logo-print

Американските планинари пристигнаа во Оман


Џош Фатал и Шејн Бауер во Оман

Џош Фатал и Шејн Бауер во Оман

Двајцата американски планинари кои над две години беа затворени во Иран пристигнаа во Оман каде што беа пречекани од нивните семејства. Претседателот Барак Обама изјави дека сите американци ја слават слободата на Џош Фатал и Шејн Бауер. Тие беа уапсени во јули 2009 година со нивната колешка Сара Шурд откако влегле во Иран на границата со ирачкиот регион Курдистан каде што планинареле. Шурд беше ослободена во минатата година поради здравствени проблеми. Фатал и Бауер беа осудени на осум години затвор за шпионажа.
XS
SM
MD
LG