Достапни линкови

Премиерот Груевски на Генералното собрание на ОН во Њујорк



Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе пристигне во Њујорк, каде во наредните денови ќе има повеќе активности во рамките на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со повеќе светски државници. Премиерот Груевски синоќа во Њујорк присуствуваше на прием за шефовите на делегациите на Генералното собрание на ОН кој го приреди американскиот претседател Барак Обама. Груевски в сабота ќе има обраќање пред Генералното собрание на ОН, кога говори ќе одржат уште 15 шефови на делегации. Македонскиот премиер ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.
XS
SM
MD
LG