Достапни линкови

Бан Ки Мун предупреди дека светот е во криза


Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека светот е во криза и ги повика светските лидери да преземат чекори да ги спречат конфликтите и да ги поддржат настојувањата на блискоисточните и северноафриканските народи за демократија. Во редовното обраќање пред шефови на држави и влади од 193 земји членки на ОН, Бан ја издвои Сирија како посебна причина за загриженост, обвинувајќи ја владата на претседателот Башар Асад дека го прекршила ветувањето оти ќе ги спроведе реформите. Овогодинешното 66-то Генерално Собрание на ОН почна на 13 ти септември, а генералната дебата трае од 21 до 24 септември и од 26 до 30 септември. Тема на дебатата е Улогата на посредувањето во решавање на спорови по мирен пат.
XS
SM
MD
LG