Достапни линкови

Обама: Нема скратен пат до мир на Блискиот Исток


Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека нема скратен пат до мир меѓу Израелците и Палестинците. Обама во својот говор на Генералносто Собрание на Обединетите Нации во Њујорк изјави дека мирот не може да се постигне со резолуции затоа што ако било толку лесно до сега ќе бил постигнат. Тој додаде дека на крајот од сето тоа Изралеците и Палестинците се тие што треба да живеат едни покрај други. Обама дирекно ги повика Палестинците да се откажат од барањето за државност од Советот за Безбедност. Тој истакна дека мирот меѓу двата народа зависи дирекно од компромисите кои треба да ги направат за да можат да живеат заедно.
XS
SM
MD
LG