Достапни линкови

logo-print

Проект за развој на децентрализацијата


Соработка меѓу граѓаните и општините за подобра комуникација

Соработка меѓу граѓаните и општините за подобра комуникација

Проектот за развој на децентрализацијата има за цел подобра комуникација меѓу локалните власти и граѓаните, како и реализација на проекти битни за населението.

18 општини преку отворени повици обезбедување деловно и финансиско учество ќе се вклучат во програмата на третиот циклус од форумскиот процес што ќе се реализира во наредните две години. Во текот на форумскиот процес граѓаните ќе може да дискутираат за теми кои се важни за нивното секојдневие, а се презентираат и буџетите на општините преку транспарентен отчет на локалната самоуправа. Целта е да се поддржи повитална демократија во локалното владеење преку директно учество на граѓаните, нагласи на конференцијата швајцарскиот амбасадор во Македонија, Стефано Лазарото.
Локалните власти со овој процес прифатија предизвици во понудувањето на нови услуги, а со тоа и подобра комуникација со граѓаните.

„За нас е многу значаен фактот дека форумите се добро прифатени од граѓаните на Македонија. Вкупно 22 општини преку отворени повици и деловно и финансиско учество на општините се вклучија во втората фаза на форумскиот процес што се реализираше од 2007 до 2010 година. Локалните власти со овој процес прифатија предизвици во понудувањето на нови услуги, а со тоа и подобра комуникација со граѓаните“, изјави Лазарото.

Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, рече дека оваа финансиска поддршка за општините е значајна бидејќи им дава нова можност тие на поинаков начин да одговорат на барањата на граѓаните.
Придобивките се видливи преку изградените плоштади, обновените училишта, градински, згради, уредени паркови, детски игралишта, тротоари итн...
Програмата е поддржана од ЗЕЛС. Потпретседателот Изет Меџити кој има искуство и како градоначалник рече дека приоритетите се значајни за граѓаните:

„Придобивките се видливи преку изградените плоштади, обновените училишта, градински, згради, уредени паркови, детски игралишта, тротоари итн.“

Програмата има за цел да го поддржи процесот на децентрализација во Македонија. Вкупниот буџет за овој циклус изнесува над 50 милиони денари, од кои со околу 28 милиони денари учествуваат општините, а 31 милион денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG