Достапни линкови

logo-print

ЗНМ го осуди вчерашниот инцидент во Брисел


Здружението на новинарите на Македонија во писмена реакција се оградува и го осудува однесувањето на новинарите кои вчера во Брисел на панел-дискусија за состојбите во новинарството во Македонија како што велат, целосно ја посрамотија и дискредитираа професијата.Во соопштението е наведено дека наместо дебата и дискусија за подобрувањето на состојбите две групи новинари се потрудија да ја дисквалификуваат работата и активностите на ЗНМ. Здружението смета дека затоа што ниеден од колегите кои вчера биле во Брисел минатата недела не учествувале на дебатата на ЗНМ за состојбата на медиумите па нивната намера не била да се подобрат сосотојбите, туку да се опструираат напорите на Здружението. ЗНМ го осудува однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимакакис, кој вчера на дебата за состојбата на медиумите во Македонија организирана во Европскиот парламент навреди македонски новинари со погрдни зборови.
Исто така, ЗНМ потенцира дека и македонските новинари треба да се однесуваат согласно етичките стандарди на Кодексот на новинарите.
XS
SM
MD
LG