Достапни линкови

Последици по скандалот во Брисел


Новинарите Миленко Неделковски, Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ на панел дускусијата за состојбата во македонското новинарство во ЕП во Брисел. Фото: Филип Печевски.

Новинарите Миленко Неделковски, Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ на панел дускусијата за состојбата во македонското новинарство во ЕП во Брисел. Фото: Филип Печевски.

Од кабинетот на Кацин најавуваат дека сите европски институции ќе бидат известени и се очекуваат последици за скандалот во Брисел предизвикан од група македонски новинари.

Скандалот кој се случи вчера за време на дискусијата за слободата на медиумите во Македонија, организирана од ЕП, нема да помине без последици, рече вчера европратеникот Јелко Кацин. Тој вели дека тоа што се случи е голема злоупотреба на институцијата Европски парламент, единствената институција што е избрана од сите нации на Европа.
За тоа што се случувало вчера во Брисел, денеска треба да биде информиран и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Тие не го дочекаа времето кога, како сите учесници, ќе имаа можност да го изразат своето мислење.

На дискусијата беа поканети новинарите Борјан Јовановски, Билјана Секуловска и Слободанка Јовановска, судијката Маргарита Цаца Николовска, како и Роберто Беличанец од невладиниот сектор.
Новинарите Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ самоиницијативно дошле како гости на панелот.

Тие го прекинаа првиот говорник, викаа, станаа и се однесуваа поприлично непримерно и насилно, објаснува Саша Буторац, асистент на европратеникот Јелко Кацин.

Буторац вели дека по кратката расправија, тие ја напуштиле дискусијата за која тврделе дека е еднострана. Тие не го дочекаа времето кога, како сите учесници, ќе имаа можност да го изразат своето мислење, вели тој.
Ние решивме, бидејќи е таква ситуација и такво сценарио, да го растуриме така што ќе направиме скандал.
Според Буторац, станува збор за иссценирано случување, кое било снимено од камерите кои ги донеле тројата новинари - Бобан Нонковиќ, Мирка Велиновска и Миленко Неделковски.
Скандалот за време на дискусијата за слободата на медиумите во Македонија, организирана од ЕП, нема да помине без последици, рече вчера европратеникот Јелко Кацин.

Тие ставија до знаење дека сакаат да направат инцидент, а непосредно потоа, снимките што самите ги снимаа беа емитувани на македонските медиуми, вели Буторац.

Она што се случуваше на дискусијата, посочува тој, е забележано од сите eвропратеници кои беа присутни и за тоа што се случуваше ќе бидат известени сите релевантни инстанци.

Еве што изјави новинарката Мирка Велиновска вчера за телевизијата Сител.

„Ние решивме, бидејќи е таква ситуација и такво сценарио, да го растуриме така што ќе направиме скандал. Со оглед на тоа дека оваа панел дискусија беше демонстрација на едноумие, на евробољшевизам.“
Во времето на Милошевиќ исто така постоеја разни инциденти меѓу провладините новинари, интелектуалци, од една страна, и оние коишто размислува послободно, коишто имаа право повеќе да го кажат својот глас пред такви видови комисии, комитети и инситуции.


Тоа што се случи вчера во Брисел, не е комплимент ниту за новинарството, ниту за Македoнија и за нејзината позиција во ЕУ, вели професор Нано Ружин, некогашен амбасадор во НАТО, кој помина неколку години во Брисел.

„Па во времето на Милошевиќ исто така постоеја разни инциденти меѓу провладините новинари, интелектуалци, од една страна, и оние коишто размислува послободно, коишто имаа право повеќе да го кажат својот глас пред такви видови комисии, комитети и инситуции. Така што овој настан е навистина настан кој треба што побргу да го заборавиме.“

Инцидентот што се случи вчера во Брисел, може и да влезе во извештајот на ЕК за Македонија, со што и понатаму ќе продолжи да се руши сликата за земјата, односно демократската слика за Македонија е под голем знак прашалник, додава Ружин.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG