Достапни линкови

Турција со намера да засили воено присуство во источен Медитеран


Турција има намера да го зголеми военото присуство во источниот дел од Средоземното Море, пишуваат весниците Акшам и Милиет.
Причина за пренасочување на воени бродови се тензиите во односите на Турција со Израел и Република Кипар. Досега нема официјална одлука за предислоцирање бродови, но премиерот Реџеп Таип Ердоган не исклучил таква веројатност.
Станува збор за осум фрегати и подморница. Турската поморска флота има вкупно 18 бродови, од кои четири се во мисија крај бреговите на Либија во рамки на операција на НАТО.
Според Милиет, три бродови се планирани во неутрална зона крај Израел. Најмалку две фрегати ќе патролираат околу турски бродови кои ќе почнат со анализи за нафта и гас во близина на брегот на Кипар.
XS
SM
MD
LG