Достапни линкови

Собири на палестинците на Западниот Брег за подршка на државноста


Рамала

Рамала

Илјадници палестинци се собраа денеска на Западниот Брег во рамките на кампањата за признавање на Палестина како 194-та земја членка на Обединетите Нации. Покрај собирот во Рамала, планирани се демонстрации и во Наблус, Хеброн и Витлеем. Инаку, за денеска во Њујорк е предвидено американскиот претседател Барак Обама да се состане со палестинскиот лидер Махмуд Абас и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да ги врати двете страни на преговарачка маса. Абас планира формално да побара признавање на палестинска државност во петок, кога ќе говори на Генералното собрание на Обединетите Нации. Русија најави дека ќе го подржи ваквото барање.
XS
SM
MD
LG