Достапни линкови

logo-print

Македонија во "Отворено владино партнерство"


Република Македонија се приклучи на иницијативата на САД „Отворено владино партнерство“, која ја промовира отвореноста на владите во повеќе димензии, како фискалната транспарентност, пристапот на јавноста до информации, пријавувањето на приходите и имотот на високи функционери, како и учеството на граѓанскиот сектор во општествениот живот.
На церемонијата на востановувањето на иницијативата, која вчера во Њујорк, ја отворија претседателите на САД и на Бразил како ко-претседавачи со Партнерството, Барак Обама и Вилма Русеф, присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
На собирот беше усвоена и заедничка Декларација за отвореноста на владите. Приклучувањето на Македонија кон оваа иницијатива е на покана од државниот секретар на САД Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG