Достапни линкови

Светските лидери во акција за здрав живот


Светските лидери ветија акција за превенција на милиони смртни случаи од рак, дијабетис и срцеви проблеми, предизвикани од пушење, пиење и нездрава храна. Ова е договорено на состанокот на Генералното собрание на Обединетите Нации, посветен на хроничните болести, кој заврши синоќа. Според Светската здравствена организација, од вкупно 57 милиони смрни случаи во 2008-ма, 36 милиони биле како последица на рак, дијабетис и срцеви проблеми. Ова е втор состанок во Обединетите Нации, посветен на глобалното здравје, откако пред 10 години тема беше епидемијата на СИДА.
XS
SM
MD
LG