Достапни линкови

Најавени средби на Обама со Абас и Нетанјаху


Од минатогодишната средба Обама-Абас-Нетанјаху во Вашингтон

Од минатогодишната средба Обама-Абас-Нетанјаху во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, во рамките на дипломатските напори за избегнување меѓународна конфронтација во врска со палестинското барање за признавање на нивната држава од страна на ОН. Предвидено е Обама во Њујорк да разговара и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Претходно официјални лица изјавија дека Вашингтон и натаму се обидува да најде дипломатско решение за овој проблем, со што би се избегнало гласање во Советот за безбедност, каде што САД најавија вето за палестинското барање. Во меѓувреме, рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов изјави дека Москва сигурно ќе го поддржи барањето за признавање на палестинска држава и покрај противењето на САД и на Израел.
XS
SM
MD
LG