Достапни линкови

logo-print

Мулен: можни нови подрски напади на Талибанците


Адмирал Мајк Мулен

Адмирал Мајк Мулен

Американските и авганистанските сили мора да ја прилагодат нивната тактика за да бидат подготвени за нови подрски напади од Талибанците, изјави началникот на Здружениот генералштаб, американскиот адмирал Мајк Мулен, коментирајќи го вчерашното убиство на поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани. Овој настан, за кој одговорноста ја презедоа Талибанците, е четврти поголем напад од јуни во главниот град Кабул. За првите три беше обвинета мрежата Хакани, сојузник на Талибанците, која делува од нивната база на авганистанско-пакистанската граница.
XS
SM
MD
LG