Достапни линкови

Вашингтон ги повика приврзаниците на Гадафи да се предадат


Американскиот претседател Барак Обама ги повика последните приврзаници на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи да го предадат оружјето и да се придружат на новата Либија. На состанокот за Либија, одржан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Обама истакна дека тешките денови сеуште се пред нас. Се додека либискиот народ е под закана, мисијата на НАТО за заштита на цивилите ќе продолжи, рече тој. Обама најави враќање на американскиот амбасадор во Триполи и вети поддршка за идната либиска влада.
XS
SM
MD
LG