Достапни линкови

САД и Турција се за зголемен притисок врз сирискиот режим


Ердоган и Обама

Ердоган и Обама

Американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се согласиле за зголемување на притисокот врз сирискиот режим со цел да биде запрено насилството врз антивладините демонстранти. Претходно Вашингтон го повика сирискиот претседетел Башар ал Асад да се повлече од власта, додека турската влада исто така зазеде цврст став, барајќи од режимот во Сирија да ги запре убивањата на луѓето што протестираат.
Според официјални претставници на ОН, силите на Асад убиле 2700 луѓе, меѓу кои и повеќе од 100 деца, од почетокот на антирежимските демонстрации во март годинава.
XS
SM
MD
LG