Достапни линкови

logo-print

Брисел не го коментира намалениот кредитен рејтинг на Италија


Европската Комисија нема да ја коментира оценката на агенцијата „Стандард и Пур`с“, која го намали кредитниот рејтинг на Италија, изјави претставникот на Комисијата Амадео Тардио. Тој потсети дека Италија во јуни и овој месец усвои два пакета со мерки за буџетско и економско заздравување, додавајќи оти тие мерки се одобрени низ демократска процедура во парламентот. Со тоа земјата ќе го намали долгот, а целта на овие мерки е оздравување на економијата и постигнување урамнотежен буџет во 2013 година, истакна Тардио, нагласувајќи оти тоа е потешка задача од онаа што ја препорача Европскиот совет во јули.
XS
SM
MD
LG