Достапни линкови

Европските акции зајакнаа, но стравот останува


Европските акции вчера зајакнаа, иако аналитичарите предупредуваат дека скромниот обем на тргување и стравот од ширење на грчката должничка криза укажуваат оти тоа заздравување ќе биде краткотрајно. Од друга страна, расположението на инвеститорите го расипа синоќешната одлука на агенцијата Стандард и Пур`с да го намали кредитниот рејтинг на Италија. Брокерите велат дека во моментов слабо се тргува, во очекување на резултатите од состанокот на американската Управа на федералните резерви, кој завршува денеска.
XS
SM
MD
LG