Достапни линкови

Обама и вети поддршка на Либија во демократскиот процес


Американскиот претседател Барак Обама му вети на либискиот народ дека светот ќе застане со нив додека тие ја обликуваат својата земја по падот на режимот на Моамер Гадафи. Обама во својот денешен говор на состанокот во Обединетите Нации изјави дека наредниве неколку дена ќе бидат тешки за Либија затоа што Националниот преоден совет се соочува со предизвикот да формира влада додека лојалистите на Гадафи се ушт пружаат отпор во нивните упоришта. Тој додаде дека во сите маки една работа е јасна, Либија е во рацете на народот. Обама ја пофали и меѓународната заедница за „храброста и колективната волја да дејствува во Либија.
XS
SM
MD
LG