Достапни линкови

Повлечен израелскиот полициски аташе од Турција


Израел го повлече својот полициски аташе од Турција, соопшти портпаролот на израелското Министерство за внатрешни работи Јарон Замир. Тој истакна дека полициското аташе во Турција се соочувал со потешкотии во својата работа и не можел да се движи слободно.
Односите меѓу Израел и Турција се влошија во мај минатата година кога беше нападнат турскиот брод „Мави Мармара“ од меѓународната флотила со хуманитарна помош за Појасот Газа. При упадот на бродот од страна на израелските командоси загинаа деветмина турски активисти. Израел изрази жалење за нападот, но одби да се извини..
XS
SM
MD
LG