Достапни линкови

Ховит - Договор кога најмалку се очекува


Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот Парламент
Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот Парламент

Договор за името ќе биде постигнат кога најмалку се очекува, бидејќи има успешен дијалог зад сцената, речe известувачот Ховит.

Македонија доколку најде компромис со Грција за спорот со името може да се надева на добивање на датум за отпочнување на преговори со ЕУ во декември, но земјата и натаму мора да остварува напредок на сите полиња, а не само на тоа прашање. Ова го порача известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Ричард Ховит на крајот на неговата посета на земјава. Според него
Договор ќе биде постигнат кога луѓето најмалку очекуваат, бидејќи има вистинскиот дијалог зад сцената и тој е успешен
Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП
потребно е сите засегнати страни да имаат дух за компромис и договор и не е негова работа да преговара за прашањето, туку за тоа се задолжени ОН.

Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП
x
Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП
„Јас ќе го охрабрам компромисот и ќе се осигурам Македонија во Брисел да го добие тоа што го заслужува, напредок кон соработка и кон преговорите. Тоа ќе го промовирам и во оваа земја, затоа што ги почитувам чувствата на луѓето од оваа земја за историјата, за името, за идентитетот. Ако се постигне соодветен компромис, ќе работам со политичарите во оваа земја да го 'продадеме' тој договор, да го добиеме референдумот, да овозможиме старт на преговорите и да се забрза прогресот кон членството во Европската Унија. Тоа е мојата понуда за луѓето тука.“

Според Ховит не треба да се става во погрешен контекст откажувањето на
Јас ќе го охрабрам компромисот и ќе се осигурам Македонија во Брисел да го добие тоа што го заслужува, напредок кон соработка и кон преговорите
Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП

средбата меѓу грчкиот премиер Јоргос Папандреу и Никола Груевски во Њујорк, бидејќи според неговото искуство приватните разговори зад затворени врати се поважни, бидејќи така се создава простор за преговарање и компромис.

„Мислам дека тие кои сакаат да го истакнат фактот дека Папандреу нема да биде во Њујорк, ја пропуштаат поентата, бидејќи тоа нема врска со проблемот со името. Договор ќе биде постигнат кога луѓето најмалку очекуваат, бидејќи има вистинскиот дијалог зад сцената и тој е успешен.“

Ховит не сакаше да кометира што ја очекува Македонија во новиот извештај на ЕК за напредокот во евроинтегративниот процес. Неговата работа како што изјави е најпрвин да се запознае со состојбата во Македонија, па потоа да донесе заклучоци. Ховит за време на посетата на Македонија оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, како и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со лидерите на некои политички партии, како и со претставници на невладиниот сектор.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG