Достапни линкови

Не се очекува намалување на каматите


Со намалувањето на задолжителните резерви на банките, експертите не очекуваат намалување на каматните стапки.

Со намалувањето на задолжителните резерви на банките им остануваат повеќе слободни пари за давање кредити. Меѓутоа веќе имаше изјава од некои од претставниците на банките дека тешко може да се очекува намалување на каматните стапки. Економистите укажуваат дека каматните стапки не може да опаднат само со оваа мерка што ја овозможува Народната банка.

Според зборовите на професор Мирољуб Шукаров намалувањето на задолжителните резерви е очекувано решение што ќе ослободи вишок на ликвидност во банките. Но, во својата анализа тој посетува дека треба да се има предвид оти и досега растот на депозитите во банките имал
Една од причините што се чувствува е еден нестабилен период кој што наидува од Европа и САД, така што банките сакаат да го зголемат вишокот на своите ликвидни резерви, а втората причина е и што самите субјекти во реалниот сектор станаа малку сомничави околу својата иднина
Мирољуб Шукаров, универзитетски професор

повисока динамика од растот на кредитите во реалниот сектор. Тоа значи и досега банките имаа релативно поволна ликвидносна позиција да може да ги зголемат пласманите и со тоа да остварат поголема профитна позиција, но тие тоа не го правеа од повеќе причини, вели Шукаров:

„Една од причините што се чувствува е еден нестабилен период кој што наидува од Европа и САД, така што банките сакаат да го зголемат вишокот на своите ликвидни резерви, а втората причина е и што самите субјекти во реалниот сектор станаа малку сомничави околу својата иднина па и тие размислуваат колку би побарале пари.“

Шукаров е повеќе загрижен вториот кризен бран со кој може да се соочи Унијата да не го погоди реалниот сектор особено оној кој е извозен.

И на професорот Христо Карталов му е јасно дека само со стабилизирање на финансискиот пазар може да дојде само по себе и до намалувањето на каматните стапки. Според него идеата на Народната банка е мерка што треба да овозможи поголема понуда на финансиски сретства од комерцијалните банки на финансискиот пазар. Но,
Кога се шири едно навестување на добро деловно работење или во очекување на добрите времиња што ќе донесат, може да се очекува да поевтинат каматните стапки
Професор Христо Карталов, универзитетски професор

аргументирајќи дека ако побарувачката е идентична со понудувачката не мора да значи дека ќе опаднат и каматните стапки тој објаснува дека е потребно и благајничките записи и државните позајмувања на странскиот пазар да ја симнуваат каматната стапка, а и реалниот сектор да закрепне во своето деловно работење.

„Тогаш банките би имале поголема доверба во деловните партнери дека отстапените кредитни средства ќе се вратат и во таквата констелација на односи кога се шири едно навестување на добро деловно работење или во очекување на добрите времиња што ќе донесат, може да се очекува да поевтинат каматните стапки.“

Прашањето околу каматите подолго време е присутно. Банкарите коментираа дека тоа зависи од понудата и побарувачката и оти ако се намали цената на депозитите ќе се намали и цената на кредитите. Гувернерот Богов кажа дека НБМ го направила своето, а дали ќе паднат каматите ќе зависи од банките.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG